Плати билет онлајн со картичка

Правила и услови за користење

Со самиот пристап на интернет страницата pay.martinoski.com и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија. МАРТИНОСКИ ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

1.ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ

Со реализација на нарачката и вршење на уплата за вашата резервација, се смета дека е склучен договор помеѓу т.д.а. МАРТИНОСКИ дооел и потрошувачот.

Купените билети ќе можат да се подигнат во нашето претставништво во Струга на ул. Пролетерски Бригади бб. или ќе ви бидат доставени од страна на возачот пред вашето патување.

2.ПОЛИТИКА НА ЦЕНИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата. Плаќањето на производите се врши со кредитна/дебитна картичка.

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да нѐ контактирате на телефонскиот број +389 71 322 333.

3.ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

МАРТИНОСКИ ќе врши поврат на средствата на купувачот во следниве ситуации:

– Доколку биде направена грешка во износот на закажаната резервација.

– Доколку истиот ден кога нарачката е платена а минимум пет часа пред закажаниот термин, патникот ја откажал својата резрвација на телефонскиот број +389 71 322 333.

Правото за поврат на средства може да се оствари со праќање електронско барање на нашата е-маил адреса office@martinoski.com, во кое треба да содржи:

  • име и презиме од купувачот
  • број на резервација
  • телефонскиот број од патникот
  • доказ за уплата
  • причина (која од горенаведените ситуации е причина за поврат на средства)

Доколку барањето за поврат на средства на купувачот е одобрено, МАРТИНОСКИ ќе изврши поврат на средствата преку банкарска сметка на сметката на корисникот на картичката.

Целокупната процедура за рефундација може да трае до 15 работни дена.

МАРТИНОСКИ има право да не ги врати паричните средства на потрошувачот во следниве ситуации:

– Доколку купениот повратниот билет е искористен во еден правец.

– Доколку датумот на барање за поврат на средства не е ист со датумот на плаќање.

– Доколку закажаниот термин за патување е пократок од три часа.

МАРТИНОСКИ може да направи одложување на вашите билети доколку вашата нарачка не е платена истиот ден но закажаниот термин на патување не е пократок од три часа. Одложените билети мора да се искористат во рок од 60 дена, со претходна резервација на телефонскиот број +389 71 322 333.